Logo

Протокол за неинвазнивна липосукција

Протоколот за неинвазнивна липосукција им е наменет на лицата кои донеле цврста одлука и кои се сериозни во намерата да бидат задоволни со својот изглед и здравје. Тоа што некои постигнаа огромен успех им е доказ на другите дека и тие можат. Честопати си велиме себеси дека сакаме да ослабиме, но сѐ останува само на желби, изговори или лоши/неправилни обиди. Зборот „диета“ сите нѐ асоцира само на глад, исцрпеност и враќање на килограмите. Но постои начин како да се ослаби брзо, без глад и без јојо‐ефект. Стара е изреката: „Силните се потпираат на волјата, а слабите на желбата“. Но, ако сакате да ослабите, тоа мора да го сакате толку силно што ќе бидете подготвени да се откажете од сѐ што Ви стои на тој пат. Тоа не значи да се откажеме од храната, напротив, значи да се откажеме од она што го јадеме, а што не е нашата природна храна.

Дебелината е последица на нерамнотежата во хормоналната регулација на метаболизмот, што е резултат на консумација на неприродна, процесирана храна, богата со празни калории, евтин скроб и вештачки бои, мириси и вкусови. На нашето тело не му е потребно изобилство на  такви празни калории, па поради нивното крајно влијание врз хормоните, а особено врз инсулинот, тоа едноставно ги складира во облик на масни резерви. Прекумерното складирање на масни станици не може да се спречи со телесна активност, ниту со намалување на калориите, туку со правилен избор на храната што ја јадеме.

Протоколот за неинвазивна липосукција им овозможува на лицата, кои имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво, да го натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви.


Липосукциска
Исхрана

Липосукциска исхрана

Липосукциска исхрана (Noninvasive liposuction) е диетотераписки третман за слабеење со помош на аминокиселини и растителни влакна во рамките на нискокалоричната медитеранска диета. Се заснова на механизам на мобилизација на масните резерви и нивно метаболичко претворање во енергија низ четиринаесет дневен протокол со кој може да се ослабне 7-10 % од почетната телесна маса. 

”Да се „натера“ телото да се храни со сопствените масни резерви!”

Во текот на денот се земаат аминокиселини и растителни влакна во облик на вкусен раствор а главниот оброк е вечерата која се состои од зеленчук и месо. Посебна улога имаат растителните влакна "konjac glukomannan" кои во желудникот набубруваат впивајќи голема количина на течности, исполнувајќи го желудникот даваат чувство на ситост па затоа ова помошно средство е одобрено од EFSA (Европска Агенција за сигурност на храната). Протоколот подразбира едноставен план за исхрана и помошни средства за слабеење (прашок за расртварање и капсули за 14 дена).

Бесплатна
Консултација